Стопанска банка АД-Скопје го „замрзна“ Ист гејт мол

Добивај вести на Viber

Како изгледа кога сѐ е ставено на пауза? Секој миг, сите средби, соништа, желби, идеи, планови? Таа пауза во животот неодамна ја доживеавме во Ист гејт мол, каде во еден миг сѐ беше „смрзнато“ - луѓето, движењето, купувањето, разговорите... Многу невообичаена слика за раздвижената атмосфера на која сме навикнати во овој трговски центар.

За среќа, таа пауза траеше само додека се снимаше новиот ТВ спот на Стопанска банка АД-Скопје. Беше интересно на сетот во живо да се видат сите работи што светот ги имаше ставено на пауза за време на пандемијата, претставени преку колоритни, несекојдневни ситуации. Возбудата порасна кога некој „стисна плеј“ и животот продолжи токму онаму каде што светот застана пред две години, повторно исполнет со позитивна енергија, насмевки, дружење и моменти вредни за паметење.

Стопанска банка АД-Скопје им ги довери креативниот концепт и продукцијата на спотот на маркетинг агенцијата „Њу Момент“. Тимот на агенцијата под режисерската палка на Срѓан Јанаќијевиќ и со помош на костимите на Розе Трајчевска одлично ги долови емоциите кои досега беа ставени на пауза и создаде мало ремек-дело кое заслужува внимание.  

Симболиката на „замрзнатиот“ живот во спотот ја нагласува безгрижното дете кое се движи весело низ сите “замрзнати“ ликови и ситуации затоа што едноставно е дете, живее и се радува во секој момент, за на крај да нѐ потсети дека е време да продолжиме онаму каде што застанавме.

Пораката што ја испраќа Стопанска банка АД-Скопје е едноставна и ефективна – време е да продолжиме напред и секојдневно да креираме незаборавни спомени користејќи ги сите можности што ни се на располагање. Да не чекаме, да не одложуваме и да не паузираме затоа што животот се случува сега.

Стиснете „плеј“ и уживајте во секој момент од спотот:


ПР објава