СТРАВ ОД ТЕСЕН ПРОСТОР, ЗМИИ И СТАОРЦИ: Од што се плашат познатите Македонци?
Имаат пари и моќ, популарност и за многу работи се привилегирани. Сепак, како и обичните луѓе, ѕвездите имаат стравови со кои се соочуваат секојдневно. Познато е дека Џони Деп има паничен страв од кловнови, Никол Кидман има фобија од пеперутки, Орландо Блум од свињи, а Метју Меконахи тешко може да го натерате да вози во тунел. И познатите Македонци имаат стравови кои, сепак, не се толку чудни како оние на нивните светски познати колеги.
Популарната манекенка и модел Цеце Орешкова Георгиев секогаш е храбра и самоуверена во јавните настапи, но во една прилика призна кои се нејзините најголеми стравови.
- Најмногу се плашам од змии и од стаорци. Не можам да ги гледам ниту на телевизија. Страв ми е и од длабочина. Не можам да си објаснам зошто – откри таа.
Цеце Орешкова Георгиев: Страв ми е и од длабочина. Не можам да си објаснам зоштоДокажаниот музичар Диран Тавитјан во едно интервју објасни дека ситуациите ги гледа рационално и дека стравовите за него се предизвици кои треба да се решат.
- Единствено стравувам кога се работи за здравјето на моите најблиски и кога би се случило да изгубам драг човек поради моја вина. На сите останати предизвици им приоѓам разумно и се обидувам да ги решам – појасни тој.
Пејачката и диџејка Фани Христова не можеше да се сети на нешто што панично ја вознемирува, но се сети на „траумите“ од детството.
- Се плашев од Фреди Кругер. Ах, тој лош фимски лик од мала ме ремети благодарение на лошите упатсва пред спиење на сестра ми за тоа како ќе ме начека во сон – на шега коментира Христова.
Ламбе Алабаковски: Се плашам единствено од БогаОд тесен простор и од темница се плаши Ламбе Алабаковски, но тој има и религиозно гледиште на оваа тема.
- Стравот е дефиниран како немање верба. Затоа, се обидувам повеќе од ништо да не стравувам. Се плашам единствено од Бога – нагласи пејачот пред неколку години.
Популарната музичарка со интернационална кариера, Тања Царовска, во една прилика образложи дека има работи што ја плашат кога ќе помисли на нив, но дека не живее во страв од ништо.
- Со текот на годините станав дебелокожец и баш се забавувам спротиставувајќи им се на сите свои стравови. Не се впуштам во акции што не ми се баш безбедни, а ако се соочам со нешто во што сум несигурна, го исклучувам копчето на стравот и уживам. Сите ние се плашиме од болести и од несреќи, но што би бил животот кога би му го посветиле на стравот и на смртта - забележува таа.
Познатиот пејач и автор Драган Величковски- Тајзи призна дека дели исти стравови со легендарниот Вуди Ален. Тој најмногу се плаши од тесен простор. Не реагира панично, но одбива да биде затворен во мала средина. Едноставно, сака слобода.
Ѓ.С.