Стриптиз на црвениот килим: Сите креации на Лејди Гага на Мет Гала

Добивај вести на Viber

Дури 16 минути траеше позирањето на Лејди Гага на црвениот килим додека петмина соработници ѝ помагаа во модното шоу кое го подготви за обожавателите на синоќешната Мет Гала. На настанот, таа се прослави и како домаќинка и како водителка.

Пред Метрополитен музејот во Њујорк, таа стаса облечена во раскошен розов фустан кој го придржуваа нејзините асистенти, за ветерот да не го крене долниот дел од фустанот. 

Гага носеше креација на американскиот дизајнр Брендон Максвел и се состои од четири дела. Под раскошниот фустан, Лејди Гага носеше црна тесна тоалета која ја следеше нејзината вита става и го нагласи раскошното деколте. А потоа, ненадејно од зад грб ѝ пријде еден од нејзините модни асистенти кој ѝ го раскопча фустанот додека фановите врескаа. Пејачката со насмевка им мафташе и продолжи со модната точка. Подоцна го соблече и црниот фустан под кој носеше припиена креација со фуксија боја. По третото модно издание, повторно се соблече.

Долната облека и мрежестите чорапи сепак предизвикаа најголем транс меѓу присутните, а кога Гага се фрли на колена и пред сите почна да лази, обожавателите никој не можеше да ги замолчи.

Внимание привлече и со трепките кои ги проложи до половина на лицетп и ги украси со светки.