Студија: Од скршено срце навистина може да се умре
Опасноста вдовиците да страдаат од кардиоваскуларни болести или да умрат од ненадејна смрт е поголема за три месеци по смртта на нивниот брачен другар, според една нова студија.
Во студијата на американски научнци, објавена во Psychoneuroendocrinology, се покажа дека поединецот кој претходно изгубил некој близок има повисоко ниво на цитокини (гликопротеини, кои дејствуваат како маркери на имунолошкиот систем за наведување на воспаление во крвта) и пониско ниво на отчукувањата на срцето, од обичен човек со иста возраст, пол и маса. Ова се двата фактори кои го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, вклучувајќи и смрт.
Авторите велат дека ова е прва студија која директно укажува на поврзаноста на длабока тага со нивоа на раст на цитокин и намалување на варијабилноста на срцевиот ритам.
„Во првите месеци по смртта на брачниот другар, смртниот ризик на вдовиците е зголемен за 41 отсто", вели водечкиот авторот на студијата Chris Fagundes.
Исто така, меѓу ужалените за 20 проценти биле поизразени симптоми на депресија. Учесниците во истражувањето биле на возраст меѓу 51 и 80 години.