Студиото за вежбање и слабеење Fit Family во Скопје го има совршениот подарок за овој 8-ми март
Fit Family е модерно студио за вежбање, слабеење и здрав живот само за жени, сместено во срцето на Скопје. Како екслузивен носител на лиценцата на холандскиот бренд „Power Fit“ во Македонија, единствено во Fit Family може да се вежба по уникатниот термо физички метод, или накратко ТФМ.
Освен ТФМ, во Fit Family може да се вежба и кардио фитнес, што подразбира кардиоваскуларен тренинг.
1. Што е всушност претставува ТФМ или термо физички метод?
Тајната на овој метод - ТФМ се инфрацрвените зраци, кои се емитуваат за време на вежбањето и имаат длабоко дејство на мускулите при што се стимулира циркулацијата и се активира деградацијата на мастите резерви.
Со методата значителен резултат е слабеење во деловите на телото токму каде што тоа е најпотребно како и затегнување и обликување на фигурата.
Со ТФМ се подобрува
функционирањето на метаболизмот и кондицијата.
Инфрацрвените зраци имаат позитивно дејство на намалување на целулитот и
значително ја измазнуваат кожата.
Дополнително методата придонесува за подобрување на ревматски болови или
болови во зглобовите.
Но, за да се зокружи целта на слабеењете и добивање на подобар изглед на фигурата, со методата се дава и акцент и на исхраната која е неизбежна за постигнување на целта.
2. Што го прави овој метод уникатен во однос на другите методи, програми и сл. за слабеење?
Позитивните резултати со ТФМ – термо физичкиот метод на кој се базираат поголемиот дел од услугите кои ги нудиме, имавме можност да ги воочиме лично во Холандија уште пред многу години.
Се работи за метод,
кој воопшто не е нов, постои повеќе од 30-тина години во Европа.
Методот е навистина успешен поради тоа што ги опфаќа сите клучни елементи за да
се постигнат посакуваните резултати, односно индивидуални вежбања, исхрана и
лична поддршка, или повеќе позната како “coaching”.
Се на се, посетувањето на Fit Family претставува започнување на еден сосема нов „lifestyle“. J
3. Што друго нуди Fit Family?
Накратко во Fit Family може да се вежбаат индивидуални тренинзи по ТФМ, по претходно утврдена динамика заедно со клиентката.
Поради големиот интерес, пред извесно време креиравме и вежбање на ТФМ во групи, попознато како „Групно ТФМ“.
Дополнително, кардио фитнес , сегмент кој што во овој момент го прошируваме дополнително со нови справи во студиото.
Особено ни е важен начинот на исхрана кој се практикува за време на вежбањето во Fit Family па така секоја клиентка има индивидуален план на исхрана кој мора да го практикува за максимални резултати.
4. Од каде идејата за ваучер подарок за 8ми март?
Речиси сите имаме блиска роднина, пријателка, или колешка што сака да започне да вежба, но никако да почне, а сака резултати кои ќе бидат брзо видливи.
По тој повод, претстојниот празник на жената - 8-ми март, не инспирира да креираме специјален подарок - ваучер кој може да се купи и искористи во Fit Family.
Ваучерот по специјална цена од 599 ден. покрива три работи: консултација, третман / вежбање по ТФМ и кардио тренинг. Сите заинтересирани ќе може да го купат започнувајќи од денес, 1 март во просториите на Fit Family или да го нарачаат телефонски и да добијат бесплатна достава во Скопје.
Сите заинтересирани за повеќе детали може да не побараат на телефонскиот број 02/ 3 123 127.