,

Style Masters Show 2018 од Revlon Professional

Добивај вести на Viber

Минатиот понеделник, 04.06.2018год. во Барселона, Шпанија се одржа 10-то по ред јубилејно шоу и доделување на наградите Style Masters International Awards 2018 во организација на Revlon Professional. На шоуто присуствуваа  повеќе од 4.000 гости од преку 70 земји ширум светот и со тоа оваа спектакуларната гала вечер уште еднаш потврди зошто Style Masters International Awards 2018 е неизоставен дел од интернационалниот годишен календар на случувања кај фризерите.

Натпреварот The Style Masters Show традиционално се одржува секоја година и го наградува талентот на најдобриот интернационален фризер кој што ќе се претстави во рамките на ова  шоу. Овој пат целиот настан го осмисли и го водеше Miquel García - Global Executive VP Artistic & Education во Revlon Professional®.

Годинава, освен што јубијелно се одбележуваше 10-тото по ред одржување на Style Masters Show, професионалните фризери и модели имаа можност да ја делат и најголемата сцена во историјата на Style Masters. Бината беше голема преку 600м² и на неа преку перформанс во живо се претставија учесниците на овогодинешниот натпревар. Нивниот настап оправдано ја воодушеви публиката и ја остави без здив. Составен дел од целата сценографија беа и мултимедијалните дисплеи преку кои можеa да се следат случувањата на бината. Со вкупна површина од 800м², овие модерни екрани сами по себе ја презентираа најсовремената технологија која што овозможува прикажување на слики на екрани направени од транспарентни ткаенини.

10-тото јубилејно издание на The Style Masters Show беше неповторлив  спектакл од самиот почеток до крај. Фризерите од целиот свет имаа причина за славење: на едно место беа собрани повеќе од 4000 гости, учествуваа 30 земји од целиот свет, беа избрани 9 интернационален финалисти и имаше само 1 глобален победник.

Miquel García, експерт за церемонии и настани и Глобален и Извршен VP Artistic & Education во Revlon Professional®, како домаќин водител на шоуто, го отвори настанот со сегмент од новата кампања ЖИВЕЈ СМЕЛО!  која што е создадена да ги инспирира и да ги поттикне стилистите и жените од целиот свет да го откријат и покажат својот уникатен талент и персоналитет. 

Во продолжение следеше кратко претставувањето на минатогодишниот добитник на наградата Style Masters Awards 2017, Julia Beckers од салонот  Blondes Gift salon од Германија. Во исто време, на сцената 9-те финалисти ги демонстираа своите вештини и во живо репродуцираа еден од трите изгледи кои ги имаа креирано специјално за овој натпревар. Додека финалистите работеа на сцената, Miquel García им посака добредојде на гостите и присутните и поединечно ги поздрави сите земји кои испратија свои претставници на ова шоу. Исто така водителот ја искористи оваа можност и свечено најави дека годинава Revlon Professional за прв пат ќе ја лансира својата професионалната боја за коса на пазарот на САД.

American Crew имаше можност да го презентира своето партнерство со Harley Davidson пропратено со величествена и специфична сценографија и модна ревија.

Во продолжение на шоуто, амбасадорите на Revlon Professional®  од Шпанија изведоа маестрален сегмент со новата  линија  на Revlon EKSPERIENCE ™. Со својот настап тие буквално ја потопија публиката во убавината и моќта на морето, кое што е примарен елемент користен во овој спектар на професионални и козметички третмани за коса.

               Во продолжение на шоуто премиерно беше претставена и новата колекција  за есен/зима 2019 GLAMSQUAD која што беше вистинска сензација за присутните. 

За потребите на ова шоу, како што потенцираше водителот, манекенките и моделите беа нашминкани по последните модни трендови, а за нивниот маникир беа задолжени CND® .

Добредојде на најкреативните професионални фризери и гости од целиот свет им посака и Debbie Perelman, претседател и извршен директор на Revlon®  која што во своето обраќање ја акцентираше посветеноста на Revlon Professional® во фризерската индустрија. 

Доделувањето на наградите се одвиваше малку пред 21:00h.  Прво беше прогласен глобалниот победник на напреварот American Crew All Star Challenge, натпревар на кој што се одбира најдобар машки стајлинг.  Наградата ја доби Vitaly Pimenov од Русија кој што беше избран од 15-мината интернационални финалисти на ова глобално напреварување. Наградата ја додели David Raccuglia, основачот на American Crew.

Новитет на Style Masters International Awards 2018 беше наградата за најдобра боја за коса  (The Most Beautiful Color Award). Ова  е нова категорија  со која  се оценува техниката на боење која што е применета на моделот и резултатот кој што е постигнат при тоа, но сето тоа како составен дел на севкупната хармонија и елеганција креирана заедно со другите елементи како дел од целиот изглед и стајлинг на моделот.

Добитникот на наградата за најдобра естетска изведба беше изгласан од страна на 21-те победници на земјите-учеснички кои не стигнаа до финалето. 

Победници на Style Masters International Awards 2018 се:

Jeneta Shekhovich од студиото Studia Master Class од Русија  ја освои Наградата за млади таленти. Наградата и ја додели Julia Beckers, победник и добитник на наградата Style Masters Awards 2017.

Natalya Zheglova, Rayskaya Ptitza од Русија  ја доби наградата за Најдобра боја на коса (The Most Beautiful Color Award). Честа да и ја врачат наградата им припадна на Roberto Pissimiglia, претседател на  Estetica и Robert Masciave, член на оригиналниот Style Masters тим.

Наградата за Најдобар сценски перформанс (The Best Stage Performance Award) отиде кај  Mandy Lau Hoi Man од Color Group Hair Salon Limited од Hong Kong. Наградата и ја доделија Raquel Gatell, директор на модната агенција Traffic Models и Jonas Bresnan, моден фотограф.

На крајот Silvia Galfo, претседателката на Revlon Professional Brands  и  ја врачи наградата Глобален победник за 2018 (Global Winner 2018) на Maria Montes Campal од Manuel Mon Estilistas од Шпанија. Примањето на наградата беше проследено со аплаузи и овации од страна на публиката.

Оваа спектакуларна и  јубилејна гала вечер беше заокружена со коктел и закуска која следеше во продолжение на шоуто. 

Овогодинешното епското издание на "Style Master Show 2018" во Барселона ќе остане во колективната меморија на публиката низ годините што следат од причина што претставуваше неповторливо и магично доживување за сите!