Сулејман и Шехерезад се преполовија со едноставна диета: Таа ослабе 7, а тој 14 килограми, без да се откажат од слатки

Станува збор за многу едноставно мени со кое Сулејман и Шехерезада успеале да ослабат без да се откажат од слатките во исхраната

„Илјада и една ноќ“ е сапуница која ја започна инвазијата на турските серии. Во оваа спектакуларна серија, главната улога, убавата Шехерезада, ја имаше талентираната актерка Бергузар Корел. Нејзината љубовна сага ја заокружи Халит Ергенч, кој набргу потоа стана светски познат со улогата на Сулејман Величествениот.

Тие се заколнаа на својата вечна љубов на почетокот на август 2009 година, а оваа турска актерска двојка ги освои срцата на публиката не само со своите актерски таленти, туку и со нивната романтична приказна во реалниот живот.

По импресивната венчавка, Бергузар и Халит повторно застанаа пред камерите во 2016 година за серијата „Ти си мојата татковина“. Сепак, пред да почнат со снимање, морале да се посветат на физичката подготовка. Покрај учењето на текстот, процесот на подготовка вклучуваше и ригорозна диета.


Халит Ергенч во серијата ја толкуваше улогата на војник кој бил заробен за време на балканските војни, а за што поверно да го прикаже измачениот затвореник морал да ги изгуби вишокот килограми. Оваа предизвикувачка ситуација бараше промени во нивните животи, а Бергузар беше клучна во поддршката на нејзиниот сопруг.

Бергузар смисли план за исхрана кој вклучувал сиров зеленчук, полуварено месо и исфрлање на шеќерот, глутенот и млечните производи од нивната исхрана.

Халит Ергенч решително пристапи кон овој план и по месец и половина успеа да ослаби импресивни 14 килограми, додека Бергузар ослабе 7 килограми. За време на напорните денови на снимањето, актерот најчесто конзумирал ѓумбир, зелени јаболка, моркови, цвекло, спанаќ, целер, пијалак од тиква и салата од киноа. Кога станува збор за пијалоците, неговиот избор бил лимонада или житарки.

И покрај строгите диети, познатиот турски пар не се откажа целосно од слатките, туку внимателно ги избираше. Често уживаа во десерти од нане, портокал, какао и урми. Ова сведочи за нивната посветеност на работата и подготвеноста да се прилагодат на барањата на нивните улоги, со цел да обезбедат најдобра можна изведба на екранот.


извор: стил.курир.рс

*Бергузар Корел позната како Шехерезад стана русокоса: Тотална трансформација (ФОТО)