Актуелно // Insta вести
Бергузар Корел позната како Шехерезад стана русокоса: Тотална трансформација (ФОТО)

Убавата турска актерка Бергузар Корел има четириесет години, три деца и одлична кариера. А каде и да се појави, привлекува внимание со својот совршен изглед.
Овој пат во центарот на вниманието е нејзината целосна трансофрмација на косата. Имено актерката сега е русокоса со боб фризура, која одлично ѝ прилега.
Турската актерка, позната по улогата на Шехерезад од серијата „1001 ноќ“, сподели фотографии од новата серија „Düğüm“, која е прва турска серија снимена во соработка со „Amazon Prime Video“. Бергузар во серијата ја глуми новинарката Неслиха Турхан, која води емисија за досиеја на исчезнати лица и за убиства.