Супер диета со лубеница: За 7 дена ќе намалите 3 килограми
Речиси сите ние сакаме лубеница, а таа може да биде одличен сојузник во намалување на тежината. Лубеницата има сладок вкус, богата е со витамини А, Ц и Б6 и ликопен, кој е добар за диети. Лубеницата е силен антиоксиданс и бидејќи содржи голема количина вода, брзо го полни желудникот и ќе не држи сити.
Покрај тоа, таа е одличен диуретик, што е уште еден плус во борбата со намалувањето на телесна тежина.
Менито со исхраната е релативно лесна за спроведување: Со појадокот јадете и едно парче лубеница секој ден, и пијте 12 чаши вода во текот на денот.
Овој режим се спроведува 7 дена, по што е потребно да се направи пауза од 2 недели. Можно е да намалите 3 килограми во првата недела.
Мени (за пример):
Појадок: парче лубеница, варено јајце, парче двопек, чаша чај
Ручек: 100 грама варено или печено говедско месо, 100 грама варен ориз со сос од домати, едно парче лубеница
Вечера: 50 грама урда, 1 парче двопек, лубеница во неограничени количини
„Оваа диета е одлична за губење на тежината и чистење на телото од штетни токсини“, вели нутриционистката Сандра Мариќ Булат.