Сурово запознавање преку Интернет: Стана човек на мојот живот, ми ги испразни картичките и го уништи мојот живот

Студентката од Норвешка, Сесил Фјелхој (28), отишла да студира во Лондон, каде преку апликацијата „Тиндер“ се сретнала со еден човек од Израел, Лев Леви, кој тврдел дека е син на милијардер и дилер на дијаманти.

Првата средба била како на филм - тој ја однесол во Бугарија со приватен авион. Во таа пригода и рекол дека има многу работа и дека често патувал. Така започнала нивната врска на далечина и малку по малку - Сесил се вљубила. Таа и Лев биле во секојдневен контакт и постојано разменувале љубовни пораки.

Сепак, по неколку недели врска, ситуацијата се смени - Симон ја замолил Сесил да му ги даде деталите за нејзината кредитна картичка за да може анонимно да ги троши парите кои ќе и ги рефундира.

Сесил се согласила на тоа и по еден месец, кога погледнала во списокот, сфатила дека Симон ги троши нејзините пари во луксузни продавници и хотели низ целиот свет. Тој потрошил повеќе од 75.000 долари во тој месец, од кои повеќе од половина биле од нејзината картичка. Таа не била возбудена затоа што тој и ветил дека ќе и ги надомести трошоците. Сепак, следеле само празни ветувања. Наскоро станало јасно дека таа никогаш нема да ги види парите.

- Кога го сфатив тоа, ми дојде да повратам. Бев во целосен шок затоа што сфатив дека си го уништив животот - вели таа.

Секако, била ангажирана и полицијата, која успеала да го пронајде измамникот и да открие дека неговото вистинско име е Шимон Хуанг. Тој и е познат на полицијата затоа што поминал седум години во затвор во Финска бидејќи изневерил жена за огромна сума пари, додека во Израел се бара и за неколку измами.

- Се мразам секој ден и сето ова е премногу болно за мене. Најлошо од сè, не само што не го изгубив своето момче, туку никогаш и го немав - тој навистина не постоеше - им раскажува таа на медиумите.



Извор: Жена.блиц.рс