Сузана Гавазова со сопругот и ќерките на шетање во Америка: Семеен одмор во „ветената земја“

Америка, ветената земја, земјата каде соништата стануваат реалност - туристичка дестинација која секој посакува да ја посети, да ја почувствува, да прошета на сите оние места кои ги гледаме на филмовите и да ужива во се' она што има да го понуди оваа земја со разноврсна култура и уметност.

Фолк пејачката Сузана, заедно со своето семејство одлучи зимскиот одмор да го искористи токму во Америка, каде имаше можност да прошета на повеќе места, а за тоа сподели на нејзиниот Инстаграм профил.


Четричленото семејство се супер дотерани.

Во краток разговор за Женски магазин, Сузана ни рече дека одморот во Америка им завршил и веќе се вратиле во Шведска каде што семејството моментално го минува времето.