Сузана Манчиќ проговори за домашното видео: Сите ме осудуваа, луѓето ме гледаа како да сум убила некого!

Водителка за најтешкиот период во животот

Сузана Манчиќ ја отвори душата и проговори за приватниот живот пред камерите на емисијата „Премиера – Викенд Специјал“.

Сузана во таа прилика се осврна на најтешкиот период во нејзиниот живот кога во јавноста излезе нејзиното интимно видео од спалната соба.

- Најтажниот ден е денот кога се чувствувате распнати пред јавноста, кога се плашите да излезете на улица, но фала му на Бога, Господ да ви даде сила и причина да го надминете за да го спасите вашето здравје, вашето име и да не се скршите целосно. Јавноста ме осуди, многу плачев, но времето си го прави своето и можеш некако да го надминеш. Луѓето полека почнуваат да ве гледаат со други очи. Тогаш луѓето ме гледаа ужасно, како да сум убила некого. Зад мене е, не сакам да зборувам за тоа, тоа е историја – заклучи Сузана Манчиќ во емисијата „Премиера – Викенд Специјал


Фото: Инстаграм/Сузана Манчиќ