Сузана прозборе за здравствената состојба на Саша: Веќе не е тајна што се случува со Поповиќ
Позната е здравствената состојба на Саша Поповиќ
Злата Петровиќ синоќа гостуваше на полнолетството на ќерката на Јана, а новинарите меѓу другото ја прашаа дали е упатена во здравствената состојба на Саша Поповиќ со оглед на тоа што некогаш била во врска со него , и дека после тоа останале во одлични односи.
Иако беше весела и насмеана додека зборуваше за синот Јован и неговото учество во реалното шоу, Злата се растажи кога ја прашаа за Саша, но нејзиниот одговор влеа надеж дека Саша ќе се бори со злобната болест.
Здравствената состојба на Саша Поповиќ се подобрува
- Зборував со Сузана, и разговаравме два часа. Фала му на Бога, оди кон многу, многу подобро. Знам дека Сале е змеј, и знам дека ќе победи се како и досега и му ја посакувам сета среќа на светот – изјави Злата.
Потсетуваме, Саша беше во врска со Злата пред да ја запознае Сузана, а после се останаа во одлични односи.
- Сале и јас бевме заедно две години. Таков човек веќе не се раѓа жими мајка. Се чувствував како принцеза покрај него. Ми пречи кога луѓето велат дека сум била со него од корист. Тој е квалитетен човек и не можев да го објаснам тоа. Бев заљубена и го сакав искрено како дечко и како пријател. Тоа го чувствувам и сега – изјави претходно Злата.
фото: инстаграм