Свесноста за ракот на дојка преку филмови и серии
На секои 10 минути на 1 жена ѝ се дијагностицира рак на дојка. Во октомври, месецот на розовата панделка Gley преку приказната на Ана, Зорка, Јелена и Клер се обидува да ја зголеми грижата кај жените за своето здравје.
Неодговорноста, брзиот стил на живот, занемарувањето на себе си, годишно вбројува дури 1.38 милони на листата жени заболени од карцином на дојка. Развувањето на свеста за ова прашање неретко се прави преку негова екранизација, односно преку филмови и серии. Издвојуваме две: ,,Груди“ и ,,Торта“ кои го привлекоа нашето внимание.
Режисерката Марија Перовиќ токму преку своето дело ,,Груди“ сака да ја разбуди жената. Дејството на црногорската семејна драмско-документарна мини-серија е сместено во Никшиќ. Ликовите се припадници на средната класа, интелектуалци, неисполнети и шармантни антихерои, родители и оние кои се обидуваат да станат родители. Главниот двигател на серијата е генерациско, средношколско пријателство, а драматична причина е болеста.
Ана, Зорка и Јелена се среќаваат на 20-годишнината од матурата во нивниот роден град Никшиќ.
Иако живеат во три различни земји од поранешна Југославија, секоја од нив има значителни проблеми со градите. На забавата е и нивниот шармантен и по малку деликвентен пријател Фуки (42), кој живее со баба му и се занимава со сомнителни бизниси.
Три дена од повторната средба ќе им го промени животот. Шест месеци подоцна, серијата ги заокружува конечните резултати од нивните патишта до самореализација.
Серијата „Гради“ пред три години ја освои Специјалната награда на жирито во Јужна Кореја на Меѓународните драмски награди-Сеул за 2019година.
Улоги: Дубравка Дракиќ, Нада Шаргин, Марија Шкариќиќ, Војин Четковиќ, Мира Бањац....
Филмот ,,Торта“ се вбројува меѓу 10-те најдобри остварувања на холивудската ѕвезда Џенифер Анистон. Тој е единствениот филм што за кој Анистон добила номинација за Златен глобус.
Филмот за кој Џенифер морала да се здебели и да престане со секојдневната рутина на вежбање, ја разработува хроничната болка на една жена и лични превирања после загубата на своето чедо.
Поранешната адвокатка Клер Бенет се бори со животот кој го мрази. Брутално искрена, гневна и сурова ги брише сите околу себе. Единствено не може да се спаси од духот на Нина, млада девојка која си го одзема животот поради канцер.
Токму таа ја менува насоката на животот на Клер. Преку иронични потези ја освестува дека треба да биде се што не била таа, јака и истрајна.
Режисерот Даниел Барнз и писателот Патрик Тобин дозволуваат работите да станат навистина сомнителни кога Клер ќе отпочне дружба со тажниот сопруг (австралискиот актер Сем Вортингтон познат по улогата од „Аватар“) и синиот син што Нина го остави зад себе. Дали Клер ќе го доведе своето однесување во вистинската насока или едноставно ќе доживее пропаст? Или двете? Или одеднаш ќе се појави некој сомнителен странец и ќе се согласи да и испече торта за подобро да го оправда насловот на филмот?
Приказни за борбата на жените, нивната истрајност, љубов, глупост, заводливост...може да ги погленднете во секое време на првата македонска онлјан видеотека, со превод на македонски и албански јазик Gley.
Gley.mk aпликацијата е достапна преку посебните апликации на Smart TV, мобилен или таблет, на компјутер како и на MaxTV приемниците.