Светиот грал за нега на кожата по педесеттите години: Клучен во борба против брчки
Можеби мислевте дека треба да поминете директно на серуми, дневни и ноќни креми и маски. Всушност, еден од клучните производи во борбата против брчките е хидратантно масло, бидејќи покрај знаците на стареење, може и многу ефикасно да ја третира сувата кожа на лицето.
Со текот на времето, нивото на влага на кожата се намалува, предизвикувајќи сувост и дехидрираност, што ги прави фините линии и брчките позабележителни. Маслата за лице не само што ја навлажнуваат кожата, туку нудат и силно антиоксидативно дејство, додека поради нивниот липофилен состав полесно и побрзо продираат во површинскиот слој, со што се спречува посилно губење на хидратацијата.
Овие суви масла, за разлика од традиционалните растителни масла, не оставаат мрсни остатоци на кожата и веднаш се апсорбираат. Сепак, ова не значи дека тие се погодни за сите типови на кожа.
Идеален избор за сува и зрела кожа е кокосово масло, но исто така и масло од авокадо, додека за мрсна кожа се претпочитаат масла со лесна текстура како јојоба и масло од чајно дрво. За забележителни резултати, се препорачува да се нанесува маслото еднаш на ден - идеално навечер - како последен чекор во рутината за нега на кожата.
Загрејте го производот истурете неколку капки на дланките и нежно тријте ги. Потоа, потпрете ги дланките на лицето и лесно допрете од центарот до образите за да го раширите по целата кожа. Потребни се најмалку три месеци за телото да произведе нов колаген и еластично ткиво. Ако ги приметитие моменталните резултати, тоа не е поради новиот колаген, туку заради хидрантните ефекти на производот, бидејќи кога кожата е добро хидрирана, се подобрува појавата на фини линии и брчки.
Содржината на вредни хранливи материи е многу поголема кај маслата за лице отколку кај кремите, поради што употребата на масла носи понепосредни и импресивни резултати. Се разбира, тоа не значи дека употребата на крем е несоодветен начин на хидратација.
Идеално, и двете треба да се користат во комбинација.
извор: zenskikutak.rs