Светол пример: Во Охрид на плажа направен влез во вода за инвалиди и клупа за одмор

На плажата „Немо 3 или „Горица 3“ во Охрид од неодамна е поставен посебен влез во езерото за инвалиди и за луѓе кои имааат потешкотии со движењето.

Веднаш до познатиот тобоган кој веќе трета година не е во функција, има дрвена платформа со држач, кој им го олеснува пристапот во езерото на овие лица. 

На платформата има и клупа за одмор, гест кој повеќето од гостите на плажата го поздравија и го пофалија. 


Од 2020 година, шанковите и реквизитите на плажата „Немо“ или „Горица 3“ беа срушени поради тоа што на закупците откако им истекла концесијата работеле на диво, па на основа на тоа Владата донесе Уредба тие да се вратат во првобитна состојба.

Оттогаш, „Горица 3“ повторно стана градска плажа и е една од најпопуларните, особено кај охриѓани и кај оние туристи кои на плажа сакаат да си донесат свои лежалки, свои пијалоци и храна.


На плажата има фрижидер каде што се продаваат кафе, сладолед и освежителни пијалоци. Туристичката сезона во Охрид е во полн ек, плажите се преполни и од туристи кои се дојдени главно од цела Македонија и од Србија. 


(М.Џ.)