Светот доби уште еден Холивуд
Кина создаде свој Холивуд, „филмски град" голем колку 500 фудбалски стадиони.
Тој е претставен како најголемата светска инвестиција во овој сектор.
За него се вложени 6,5 милијарди евра, а се протега на 376 хектари, во туристичкото место Чингдао, на кинескиот приватен конгломерат „Ванда“, иницијатор на проектот.
Триесет студија, меѓу кои најголемите во светот со површина од 10.000 квадратни метри, веќе се изградени. Во следните неколку години ќе се градат уште десет.
Покрај локација за снимање и пост-продукција, фараонскиот „филмски град на Истокот“ вклучува и сали за културно-уметнички настани, училиште, болница, луксузни хотел...
Постои и џиновски трговски центар со 360.000 квадратни метри со модерни продавници, кафулиња, ресторани, лизгалиште, забавен парк, воден парк и „најголемото кино во Азија“.