Светот не се врти околу децата, украдете време за себе

Типична ситуација на една мајка која сака сѐ да постигне. Сакате да имате барем два-три часа во денот само за себе, но кога ќе ви се соберат обврски, се откажувате од сѐ.

Во тој момент си помислувате, што би направила вашата мајка да е на ваше место? Таа сигурно би се жртвувала за семејството, но има денови и кога би украла време само за неа.

Што би направила супер-мајката? Би испланирала време за себе си во текот на денот. Тоа е многу важно, иако во праска се случува спротивното. Кога ќе дојдете дома од работа, се обидувате да го надополните времето кое сте го пропуштиле со детето. Преминете преку тоа дека да се биде добра мајка значи во потполност да им се посветите само на децата. Ако секогаш сте му на располагање на детето, потешко ќе му се развие самостојност, независноност, одговорност. А вие сигурно дека не сте од оние мајки кои себе си се оптеретувате со стравот дека кога детето ќе порасне, веќе нема да му бидете потребна. 

Оној родител кој во сѐ сака да биде совршен, никогаш нма да биде задоволен, а во тој случај нема да е задоволно ниту детето. На децата не им се потребни совршени родители, туку силни личности, полни со љубов и со разбирање. 

Ако другарка да ве викне на вечерно излегување или во кино, немојте да имате грижа на совест дека го оставате детето. Децата не сакаат мајки- жртви. Додека вие се жртвувате, на детето може да му се создаде грижа на совест. Така ќе му се создаде грешна слика за светот, мислејќи дека тој се врти околку него. 

Дури ни супер-мајката не е робот и потребно ѝ е време само за неа.