СВЕТОТ ВО ШОК по вестите за болеста кои ги соопшти Кончита Вурст
Победничката на Евровизија 2014 од Австрија, Кончита Вурст, т.е. Томас Нојвирт, соопштила дека со години е ХИВ позитивна, и дека на тоа е приморана бидејќи поранешниот партнер и се заканувал дека тој податок ќе го изнесе во јавност.
„Денес дојде денот да се ослободам од големиот товар за остатокот од животот: јас веќе со години сум ХИВ позитивна“, напишала Вурст на својот Инстаграм профил.
Имено, таа се одлучила на овој чекор бидејќи како што објаснува, еден „поранешен“ и се заканувал дека со оваа приватна информација ќе излезе во јавност, па одлучила за болеста , која ја криела да ги информира обожавателите.
„Во иднина никому не му давам за право да ми се заканува и на тој начин да влијае на мојот живот“, порачала победничката на Евровизија во 2014та година.