ЕПП // ЕПП
Свeтските гастрономи ги одмеруваат знаењата среде Струмица
Преку 100 натпреварувачи во 33 засебни категории ги одмеруваат гастрономските вештини на првиот натпреварувачки ден на Третитот Интернационален Гастрономски Натпревар - ГастроМак 2018 година, којшто вчера започна во хотелот Вила Парк, во Струмица.
Во денешната осумчасовна натпреварувачка програма, можат да се видат мајсториите на готвачите, но и да се вкуси залче од светските вкусови.
Во посебен дел од програмата, десет врвни кулинарски мајстори држат едночасовни мастер клас предавања за специјаллитети од најразлични делови од светот: од Монголија и Грузија преку Медитеранот, до Мексико.
Сето ова и може да го следите во живо на фејсбук