Моден фокус // Трендови
Светските трендсетерки не излегуваат од дома без овој моден додаток!
Рибарскиот шешир е најнеочекуваниот моден додаток за ова лето.
Овој модел на шешири стана актуелен во 1940 година и тоа благодарение на рибарите, а години подоцна, односно во 80-тите познатите рапери ги носеа во своите видео записи.
Ова лето, модниот додаток е повторно актуелен, но секако во модерна верзија, а моделите варираат од еднобојни, па се до шарени.
Светските трендсетерки ги вклучуваат овие модели на шешири во своите дневни комбинации, па доколку сакате да се заштитите од сончевите зраци, проверете во гардероберот на постарите членови од вашето семејство.