,

SWIFT тимот во Вип пред финалето во NASA,САД

Добивај вести на Viber

Телекомуникациската компанија Вип како партнер на светскиот натпревар NASA SPACE APPS CHALLENGE им посака успех на членовите на победничкиот тим кои на 2ри декември патуваат во Соединетите Американски држави каде пред претставниците од NASA ќе го презентираат нивниот пронајдок. Дополнително, како награда за победата, ќе проследат лансирање на вселенска ракета во Кенеди Вселенскиот Центар на НАСА во Кејп Канаверал, Флорида. Во просториите на Вип победничкиот тим млади иноватори имаше средба со експерти од компанијата од областа на информатичките технологии и мрежно поврзување каде ги дискутираа можностите за унапредување на прототипот. “Како компанија која е секогаш во тек со најголемите технолошки случувања во светот, ообена чест ни претставува што ги поддржуваме овие млади и талентирани луѓе во остварување на нивните идеи. Поддржувањето на настани што се од големо значење за заедницата, а кои вклучуваат можност за напредок на таленти е една од нашите заложби, затоа што сме дел од ова општество и наша обврска и посветеност се да помогнеме младите луѓе да ги остварат своите идеи преку нашите системи за поврзување и напредни технолошки платформи. Им посакуваме добар пат и многу успех при презентирање на нивниот прототип во NASA”, изјави Мислав Галер, Извршен директор на Вип. Младиот тим SWIFT, составен од петте момчиња сега веќе студенти во прва година на факултет, победија со иновацијата – сензор за соларна енергија кој мери сончеви денови и потенцијал за соларна енергија во текот на целата година со цел анализа за проекција на заштеда со користење на панели на сончева енергија, притоа користејќи телекомуникациска технологија. NASA SPACE APPS CHALLENGE се одржуваше од 28ми до 30 април во Скопје. За наградата од Македонија се натпреваруваа 170 млади програмери, инженери, дизајнери, истражувачи, иноватори и претприемачи.