СЗО и ООН: Децата над 12 години треба да носат маски
Помладите
деца не треба да бидат присилени да носат маски, велат експертите
Децата постари од 12 години треба да носат маски
секогаш кога возрасните ги носат, на пример во толпа, како алатка за борба
против ковид-19, соопштија агенциите за здравство и агенцијата за права на
децата при ООН во упатствата што ги подготвиле за властите.
Светската здравствена организација (СЗО) и УНИЦЕФ
не препорачуваат деца на возраст меѓу шест и 11 години да носат маски, но тоа
треба да се земе во предвид во области со интензивна стапка на пренесување на
вирусот и во посебни прилики како што се училиштата.
Сепак, постојат ситуации кога маските можат
„значително да пречат во процесот на учење и да имаат негативно влијание врз
важните училишни активности“, истакнаа меѓународните експерти кои ги скицираа
упатството, а пренесува порталот „Индекс“.
Според нив, помладите деца не треба да бидат
присилени да носат маски, особено затоа што не можат да ги стават и да ги
отстрануваат од своето лице на соодветен начин.
Група експерти велат дека децата до пет години
треба да бидат под постојан надзор доколку носат маски.
- Децата исто така треба да бидат сослушани во
согласност со нивната перцепција и сите проблеми во врска со носење маска - истакнаа
тие.
Транспарентниот визир нуди помала заштита од
ткаенината што ги покрива устата и носот, според упатствата.
Според информациите собрани низ целиот свет, само
околу 1 до 7 проценти од сите лица во светот позитивни на ковид-19 се деца и
млади под 18 години.
Можеби ќе ве интересира:
Дали маските навистина нѐ штитат од вируси и грип?