СЗО ќе одржи состанок: Наскоро светот ќе знае сѐ за новиот вирус

СЗО се состанува за новиот вид на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) ќе одржи седница со сите свои членови за да разговара за стратегијата за борба против новиот вид на ковид-19, кој се појави во Англија, изјави директорот на европскиот оддел на СЗО, Ханс Клуге.

Сепак, тој не соопшти кога ќе се одржи состанокот, објави Ројтерс.

- Ограничувањето на патувањето за да се запре ширењето е добро решение, сè додека немаме повеќе информации. Транспортот на стоки, основните намирници, треба да остане во сила - рече Клуге преку Твитер.

Организацијата со седиште во Женева соопшти дека нема потреба од општ аларм за новиот, позаразен вид на вирусот, додавајќи дека тоа е нормален дел од пандемијата, истовремено пофалувајќи ги напорите на Велика Британија да го запре ширењето на новиот вид вирус.

Во денешното соопштение, СЗО повтори дека нема доволно информации за да се утврди дали новата мутација на ковид-19 може да влијае на ефективноста на постојните вакцини, велејќи дека се под истрага.


Фото: Фактор