СЗО конечно одговори: Дали децата можат да го пренесат корона вирусот
Според нив, постои
мала можност за такво нешто
Сумја Сваминанат од Светската здравствена организација изјави дека според она што е досега познато, постои помала можност децата да го шират корона вирусот, дури и ако се заразат.
Сваминанат, научник на СЗО додаде дека децата имаат помал ризик од заболување од вирусот Ковид-19.
Таа за Би-Би-Си изјави дека сè повеќе земји размислуваат повторно да ги отворат училиштата, додавајќи дека искуството на оние кои веќе го сториле тоа е охрабрувачко.
- Она што го видовме во земјите каде училиштата останаа отворени, беше дека немаше големи жаришта во училиштата, па дури и таму каде што имаше, тие честопати се поврзуваа со настани каде се собираа голем број на луѓе, а не со обични училници - рече Сваминан.
На прашањето за реткиот воспалителен синдром поврзан со инфекција со коронавирус кај мал број деца, таа рече дека се потребни повеќе истражувања за подобро разбирање на синдромот.
- Не е многу јасно каква е врската помеѓу Ковид-19 и тој синдром. Има некои деца кои се позитивни на вирусот, а некои не се - рече таа, додавајќи дека СЗО бара податоци од лекарите ширум светот за синдромот со цел подобро да го разберат.
Околу 230 деца во Европа досега се заразиле со новиот воспалителен синдром поврзан со „Ковид-19“, а две деца починале, соопшти Европскиот центар за контрола и превенција на болести.
Извор: telegraf.rs
Маски на 30+ степени? Еве што ќе биде многу поудобно и поефикасно решение