СЗО СО НАЈНОВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Маските не се доволни
Марија Ван Керхове, експерт во Светската здравствена организација предупреди да не се потценува важноста на носењето на маските, како и држењето на дистанца, бидејќи, како што појасни тоа само уште повеќе го зголемува ризикот од ширењето на Ковид-19.
– Гледаме дека луѓето повеќе не се придржуваат до физичкото растојание. Дури и ако носите маска, сепак треба да се обидете да држите физичко растојание од најмалку еден метар и уште повеќе, ако е можно, предупреди Ван Керхове на редовната прес-конференција на СЗО..
Според СЗО, најважните мерки за заштита од вирусот се носењето маски, одржување на растојание од околу 2 метри, често миење на рацете и дезинфекција, а како што изјави Керхове, ниту една од овие мерки не е доволна ако луѓето истовремено не се придржуваат.