Таа е една од најбогатите Македонки, се пресели во Америка, но сигурно ќе ја гледаме овде: Еве зошто

Добивај вести на Viber

Трајче Ристовски е Македонец од Америка кој ќе го гради големиот комплекс во Кавадарци, Литл Америка, и во кој планира да вложи 30 милиони евра. Во разговор за Фактор, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, открива повеќе детали за планираната инвестиција.

„Зошто да не го откријам. Тоа е Трајче Ристевски, тој е мој другар одамна. Тој живее и работи во САД повеќе од 20 години и има многу успешен бизнис таму. Работи во областа на транспортот и неговата компанија поседува повеќе од 400 камиони. Исто така, работи и во областа на трговијата со недвижен имот“, објаснува Јанчев.

На нашето прашање како се успеа да се заработат 30 милиони евра, Јанчев вели дека тоа е американски систем, каде вредните и чесни луѓе што знаат да работат, умеат и да остварат профит, а не како во случајот со нашите компании, каде што се уште, како што вели, е прилично слаба профитабилноста.

„Каков е тој силен систем, говори фактот што тие срдства беа три месеци чувани во американската централна банка, пред да се дозволи нивен влез во земјава. Сега се дојдени во земјава околу седум до осум милиони евра, согласно договорот, средства кои се доволни за старт на градбата, и за првата фаза“, објаснува Јанчев.

На шега Јанчев вели дека неговата цел е всушност да го направи Кавадарци – Америка, па потоа не е проблем да си замине од градоначалничката позиција.

Инаку, првичната цел е да се изгради суперлуксузниот мол, за кој веќе изградбата е почната и направен е ископ, на локацијата каде што ќе се гради. Догодина до мај целта е да дојде молот до фаза на карабина, додека, пак, во јули или август 2025 година молот би требало да биде целосно готов, а после една до две години да бидат изградени и пуштени во употреба и станбените згради.

На нашето прашање дали се направени студии и дали ќе се обезбедат доволно купувачи за мол во Кавадарци, Јанчев вели дека во него ќе доаѓаат граѓани од Велес, Неготино, Градско, Кавадарци, Гевгелија…

Инаку, Трајче Ристовски е сопруг на познатата фолк пејачка Јасмина Мукаетова.

А ние неодамна имавме интервју токму со неа:

Еве го во продолжение:

Кога беше активна во музиката и се трудеше максимално и професионално да биде посветена на своите настапи, снимени песни и остварени проекти, на покана од управата на црквата СВ. Никола од Њу Џерси, била ангажирана да пее за новогодишните празници. На еден од настапите се појавил тој. Потекнувале од исто место и се познавале речиси цел живот. Нивните погледи им се пресретнале на половина пат. Дружењето постепано се претворило во љубов. Се вратила во Македонија, продолжила со своите обврски,но мислите ѝ биле далеку. По две години, во 2008 година, решила да патува само во еден правец. Се венчале во куќата на цвеќето во Лас Вегас.

Јасмина Мукаетова (40) денеска е среќна и успешна жена, со две дипломи и семеен бизнис. Таа е дипломиран педагог на Филозофскиот Факултет при Универзитет СВ. Кирил и Методиј –Скопје. Неодамна ја комплетира едукацијата со МБА- мастер за бизнис администрација и концентрација на човекови ресурси, на државниот универзитет William Paterson University. Мајка е на два сина, Диме и Зуко.

* Како би го опишала твојот живот во Њу Џерси, Америка? Кои се предностите на тој град?

- Местото на живеење е само географска одредница, а животот во него е лична креација на содржини, детерминирани од персоналните одлуки, избори и афинитети.. Домот е таму каде што сме среќни и исполнети, а јас во изминатите 15 години живеам водржавата Њу Џерси.Ми се допаѓа тоа што климата е многу слична со македонската, со исклучок на зголемента влажност во топлите месеци, така што од тојаспект на почетокот немав проблем со прилагодувањето.Локацијата на местото каде што живеам е 30км до Њу Јорк, и убаво е чувството да се биде блиску до центарот на светските случувања.

* Имате семеен бизнис со сопругот. Со што се занимавате и колку си исполнета со работата?

- Работиме со транспортна логистика, со покриеност на 50 држави. За мене беше предизвик да се инволвирам во сосема различна гранка. Бев љубопитна, амбициозно постапив во усвојувањето на знаењата и вештините и кога работата стана задовоство и пасија, тогаш знаев дека мојата дефинитивна определба е конечна.Со текот на годините се усовршував и вложував напор за континуирано надградување и прогрес во работата. Неодамна ја комплетирав едукацијата со МБА- мастер за бизнис администрација и концентрација на човекови ресурси, на државниот универзитет William Paterson University

Во почетокот имав носталгија за семејството и пријателите

* Првата асоција на вас е музиката, насловни страни. Беше ли тешко да се напушти песната, сцената, кариерата и да се започне нов живот, на друг континент?

- Во почетокот имаше моменти на носталгија и жал што ги оставив кариерата, семејството и пријателите позади себе во Македонија. Сепак, многу брзо сфатив дека тагата може само да ме зароби во сопствениот очај и да ме осуди на интерност. Затоа многу брзо почнав да се фокусирам на сопствениот потенцијал, амбициите и личните афинитети, од една страна и можностите, шансите и опциите што ги нуди ветената земја. Вложив голем напор, време и енергија за да се етаблирам во системот на функционирање на земјата, во која сѐ баше ново и непознато, а тоа беше и уште поголем предизвик и мотив за да успеам да се реализирам во некоја друга димензија.

* Како започна вашата љубовна приказна?

- Баш како приказна.Со сопругот потекнуваме од исто место, се познаваме речиси цел живот. На покана од управата на црквата СВ. Никола од Њу Џерси, бев ангажирана да настапувам во периодот на новогишните празници и на еден од настапите се појави тој.Тука се пресретнаа нашите погледи на пола пат, а дружењето постепано се претвори во љубов. Се вратив во Македонија, продолжив со моите обврски,но мислите ми беа далеку.По две години се случи патувањето во еден правец.Се венчавме во куќата на цвеќето во Лас Вегас и започна нашата заедничка приказна.

* Имаше ли мигови кога зажаливте што не продолживте со кариерата? Или тој период го сместивте во спомените како едно животно и професионално искуство?

- Да, имаше.Не е едноставно да се каже крај, во момент кога многу абициозно тежнеев кон пикот на мојата кариера. Беше момент на тешка одлука, да се затвори вратата на еден многу динамичен и возбудлив живот и да се започне сѐ од почеток,во сосема нова средина.Се радувам што целокупната транзиција се одвиваше постепено,без поголеми турбуленции и препреки на патот.Додека бев активна со музиката, се трудев максимално професионално да бидам посветена на сите настапи, снимени песни и остварени проекти, сепак тоа ќе остане засекогаш во моето резиме. 

Синовите имаат талент за музика

* Се случило ли да запеете на некој настан или засекогаш ја напуштивте музиката? 

- Се случува, но многу ретко. Со текот на времето се дистанцирав од актуелните текови во музиката и понатаму само приватно песната ја користам и конзумирам како витаминска терапија. На дружењата со пријателите си пееме, музицираме за душа и се развеселуваме со песните од богатата македонска ризница.

* Мајка сте на две деца? Кое од нив го наследи музичкиот ден?

- На децата им овозможив шанса првенствено преку едукација да ги запознаат основите на музичката теорија, а исто така, имаа можност да одберат инструмент.Се одлучија за пијано и виолина,но целата еуфорија траеше многу кратко. За жал, инструментите се претворија само во орнаменти кои го красат домот, толку од музиката, се префрлија на спорт.Жал ми е што кај децата препознавам талент и потенцијал, кој ќе остане латентен и нереализиран поради нивната незаинетереси-раност и недостаток на желба за посветеност кон музиката.

* Како ви изгледа едно секојдневие?

- Во Америка, часовите, деновите, неделите, па и месеците, на поголемиот процент од населението се прецизно организирани и исполнети со предвидени соджини. Истото се аплицира и на мојот распоред со дневни активности, кои преку неделата се речиси секојдневно, идентично структурани, од подготовка на децата за на училиште, до моите работни задачи, разнесување на спортски тренинзи и денот е поминат.. Многу брзање, трка со времето,возењево различни правци за да се постигне сѐ.Викендите се друга приказна, тие се комбинација од обврски и уживање.Се обидувам да го организирам времето со семејни активности кои нѐ исполуват и нѐ праат среќни, како: кино, театар, прошетки во природа, кратки патувања и се разбира дружење со пријателите.Така акумулираме енергија и мотивација за следните предизвици во неделата која која доаѓа.

Карибите избор за одмор

* Дали Корона пандемијата многу го смени начинот на живот во Америка?

- Во почетокот беше шок, сѐ се промени.за миг, светот за затвори.Реалниот живот се претвори во витруелен, канцелариите ги трансфериравме дома,училниците се преселија во компјутер.Експресно се случија драстични променикои луѓето потешко или полесно ги прифатија, ги усвоија и се адаптираа на нив. Тие промени во голем процент останаа да бидат секојдевната пракса и дел од новото нормално живеење. Дефинитивно можам да забележам дека голем дел од корпорациските објекти остануваат празни, особено во големите градови затоа што административните оперативни и архивски бази се префрлени на клауди па вработените можат да ги извршуваат од било кое место.

* Каде најчесто патувате за одмор?

- Ги обожавам топлите дестинации, морето, сонцето, ведрината.Најчесто патуваме на Карибите, каде што има многу острови кои се дефинитивно рајот на земјатаКлимата е извондредна, таму владее вечна доцна пролет,а бескрајно бистрата вода и белите песочни плажи нудат вистинсо уживање.Сезоната трае цела година, поради извонредната температура од просечни 24 целзиусови степени.Од Карипските група острови би ги издвоила Туркс и Кајкос, Бахамите, Доминиканска Република, Јамајка и Аруба. Исто така, Хаваите и Мексико се дестинациите кои ме имаат фасцинирано со својата убавина, а воодушевуваат со егзотичност и исклучителна флора и фауна.

* Кој го сочинува вашиот круг на пријатели?

- Интелигентни, позитивни, едуцирани, стабилни, одговорни и реализирани луѓе, тоа се моите пријатели.Навистина сум среќна што сум опкружена со квалитетна струлктура на индивидуи, со кои имам совршена комуникацијја, дружење со конструктивни разговори, размена на позитивни вибрации и квалитетно поминато време.

* Како ви успева да бидете иста, убава, негувана, атрактивна, со заштитен знак кадрава коса? 

- Ви благодарам за комплиментите, но Њутновиот закон за универзална гравитација не ме исклучува мене. Времето тече и остава траги, а за возврат созреваме и стануваме помудри. Што се однесува до надворшниот изглед, по природа сум многу самокритична и свесна, си ги знам маните и недостатоцините, но сум благодарна за сѐ што ми дала природата и гените.

* Доаѓате ли често во Кавадарци?

- Се обидуваме секоја година да дојдеме во Македонија,да го посетиме семејството и да се дружиме со пријателите. Единствено пандемијата нѐ спречи да пресконеме само еднаш. Kaкo се наближува времето за патување, возбудата расте и секое ново доаѓање продолжуваме таму каде што сме застанале, време исполнето со многу радост, убави сеќавања и спомени кои ги носиме во душата.

Соња Алексоска Неделковска