Таа е најмлада прва дама во светот: Запознајте ја Тамара Вучиќ сопругата на српскиот претседател

Добивај вести на Viber

Тамара Вучиќ, најмладата прва дама во светот и сопруга на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера го прослави својот 40-ти роденден...

Тамара Вучиќ, сопругата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера го прослави својот 40-ти роденден. Успешна, образована млада жена, најмлада прва дама во светот, мајка и успешна и образована деловна жена.

По долга кариера како телевизиски новинар, таа се одлучила за дипломатија и се вработила во Министерството за надворешни работи. Хуманитарната работа е она што особено ја исполнува и за што е крајно посветена и токму нејзиниот тивок активизам придонесе за забележливо подобрување на положбата на некои од најчувствителните категории на општеството, пишува српски „Курир“.


Тамара Вучиќ пораснала во Лозница, во семејство на просветни работници. Често ја посетува својата татковина, особено кога доаѓаат празниците.

Таа тврди дека сè уште има многу заедничко со Лозница. Нејзините родители, семејството и неколку долгогодишни пријатели живеат таму. За жал, времето не и дозволува да заминува толку често колку што би сакала, но родниот град за неа и нејзиниот сопруг е дестинација што мора да се види за сите големи празници - открила во ексклузивното интервју за „Hello“.

„Се сеќавам на пријатната атмосфера и убавото дружење со кое, ми се чини, може да се пофали само мало опкружување. Денес се забавувам кога гледам стари фотографии. Многу сакав накит и постојано се дотерував. Исто така е интересна и анегдотата дека  во градинката во Крупња, каде што живеевме кратко време, поминав само три дена, бидејќи и тогаш не можев да спијам попладне, како што е случај денес “, објаснува таа во едно интервју.

Тамара истакнува дека пораснала со поп рок во осумдесеттите и деведесеттите, со нејзиниот постар брат кој бил еден вид водич низ музичкиот свет.

„И денес знам најголем број на текстови од тој период. Она без што не поминува прославата во нашата земја се секако народни песни, тоа е музика во која исто така знам да уживам - вели Тамара Вучиќ, која кога останува сама, ја слуша песната „Кога ми требаш“ од Лео Соер.

И како дете на просветни работници, таа уживала во голема домашна библиотека.

„И денес имаме богата библиотека со голем број наслови, историско - филозофски содржини. Во моментов на мојата ноќна маса има книга на англиски јазик  “A little history of the world” од Е.Х. Гомбрих и „Тврдина“ од Меша Селимовиќ, на која Јас секогаш со задоволство се враќам“, кажала Тамара.


Тамара открила и дека топлата атмосфера во семејниот дом и насмевката на нејзиниот син ја прават најсреќна.

Четириесеттите години се нови дваесетти години, гордо посочуваат жени кои веќе поминале низ овој познат „граничен премин“. Сигурни сме дека првата дама на Србија ќе се снајде одлично затоа што - најдоброто допрва следува. Во оваа прилика и испраќаме најдобри желби.


Извор: курир.рс

Фото: Википедија-принтскрин Јутјуб