Таа не знае кој пријавил дека исчезнала: Хрватската пејачка по која се трагаше е жива и здрава-ова се деталите
Нејзината пријателка и водителка Хана Табаковиќ објави на Фејсбук споделувајќи напис за наводното исчезнување со опис: „Катарина Раутек е жива и здрава и редовно се јавува на својот мобилен телефон“.
Пејачката Катарина Раутек Омазиќ (39) е избришана од официјалната полициска страница на исчезнатите.
Нејзината пријателка и водителка Хана Табаковиќ објави на Фејсбук споделувајќи напис за наводното исчезнување со опис: „Катарина Раутек е жива и здрава и редовно се јавува на својот мобилен телефон“.
- Не знам кој го пријавил моето исчезнување - изјавила Катарина за Danas.hr.
Да потсетиме, поранешната пејачка на групата Е.Т. исчезнала од болницата Свети Дух во средата.
Катарина во бендот Е.Т. беше 11 години, а нејзиното заминување од групата ги изненади фановите, особено што беше уште едно во низата заминувања на вокали од групата по Вана, Андреа Чулибрк и Лана Клингор.
- Тоа беше најубавиот период во мојот живот. Се разделивме пријателски затоа што едноставно беше време за промени - изјави тогаш Катарина и откри како и самата би сакала да се испроба во музиката. Таа и Адонис Ќулибрк, попознат како Бојтроник, тргнаа по својот пат во 2016 година. Катарина испеа многу песни кои беа голем хит, како „Дојди без причина“, „Празен стан“...
Во 2017 година Катарина се омажи за машинскиот инженер за продажба и претприемач Јосип Омазиќ, а во 2019 година го роди своето трето дете.