Таа проклета болест ни го зема брат ми, а сега и Тоде Новачевски - Росана за смртта на композиторот на хитовитe што ги отпеа во дует со Маријана
По долго и тешко боледување почина композиторот Тоде Новачовски. Две години се бореше со карцином.
Новачевски кој е роден во Битола во 1956 година, со години живееше во Мелбурн, Австралија.
Остави голема трага во македонската музика, со безвременските хитови во изведба на дуото Маријана и Росана.
Тој е творец на „Признавам“, „Ако не исчезнам“, „Верувај ми“, „Венера“, „Око мое“, „Има една судбина“.„Свири ми брате цигане“како и музиката за серијата „Трст виа Скопје“.
Во еден период беше во брак со Маријана со која доби две деца.
Со болка и голема тага од него се разделуваат роднините, пријателите и соработниците.
-Што да кажам, бескрајно сме тажни. Се уште не веруваме дека си замина. Децата во Австралија, сестра ми, сите. За жал, таа проклета болест, ни го зема нашиот брат а сега и Тоде. Песните и душата кои ни ги пренесуваше пишувајќи за нас, се нешто исконско и вечно – ни изјави Росана Сариќ -Тодоровска за Женски магазин.
Новачевски до неодамна беше активен на социјалните мрежи. Во една пригода напиша „Од љубовта, од вистината и од својата судбина не избегал никој, драги мои. Не избегав ни јас. Ако со некоја моја песна, музика или било каква мала добрина сум ве израдувал малку, еве ми го најубавиот момент, да сум најсреќен и најспокоен човек на светот. Само зараади тоа.“
(С.А.Н)
Евергрин од музичката работилница на Тоде Новачевски, поранешниот сопруг на Маријана. Песната првпат е изведена во октомври 1989 година на „Макфест“.
Не знам дали ќе го дочекам утрешниот ден: Тоде Новачевски искрено и емотивно за борбата со ракот и разводот со Маријана