Тага во домот на позната инфлуенсерка: Марија го загуби бебето по породувањето, нејзината порака крши срца

Добивај вести на Viber

Инфлуенсерката Марија Мандиќ објави потресна порака на својот Инстаграм профил и ги извести своите следбеници дека го изгубила новороденото бебе

Марија со емотивни зборови се прости од, како што истакна, својот ангел, а нејзините зборови ќе ви го скршат срцето.

- Ангелче мало, од почетокот сè беше премногу добро за да биде вистина. Малиот немирко сепак одлучи дека е за некој подобар свет. За почеток, на сите би им посакала бременост каква што имав јас, па дури и породување. Колку и да се трудев цело време, ова беше мојот најголем страв и само се молев да си во ред. Не знам дали е инстинкт или што, но со денови чувствував некој внатрешен немир и се убедував дека замислувам работи, но за жал не беше така.

Само неколку часа не делеа од најголемата среќа. Не изненади ова лето, тогаш не те планиравме, а потоа стана центар на светот. Ти се случи во вистински момент и ме направи подобра, помирна, пред сè позрела и ми покажа како да сакам. Сите бевме толку среќни и само ги одбројувавме деновите.


Се шегував дека може да се викаш Милорад јуниор, дека ништо не ми е важно само што побрзо да се родиш. Ќе излажам ако кажам дека во моментов „кој знае зошто е тоа добро“ не ми е само утеха. Ми велат дека Бог ги зема ангелите за себе, а јас цел живот верувам дека тие ме чуваат. Отсега ти си мојот најголем чувар, моето прекрасно момче (не дека си мое, но си најубавото бебе што сум го видела). Отсекогаш сум им се восхитувала на жените кои минуваат низ ова и мислев дека никогаш не би можела да го направам тоа, но всушност сите ние сме силни и можеме да се справиме со сè. Те сакаат твоите и ти благодариме што ни ги разубави овие 9 месеци, а ние ќе се видиме еден ден – стои во објавата на Мандиќ.


Марија објави и неколку фотографии, а никој не остана имун на нејзините зборови и доби бројни пораки за поддршка.

Извор: www.telegraf.rs