Тагата не поминува, ова беа последните моменти на Влатко Илиевски: Да беше денес жив денес, ќе го прославеше 39-от роденден

Добивај вести на Viber

Да беше денес жив ќе го славеше 39-от роденден, но жал пејачит Влатко Илиевски предвреме замина од овој свет.

Пред 6 години во 2018 годината на негови полни 33 години, а само неколку дена по неговиот роденден беше пронајден мртов во автомобил.

Утрото на 7 јули тажна вест ја потресе македонската јавност. Засекогаш не напушти пејачот Влатко Илиевски.

Безживотното тело на пејачот било пронајдено во неговиот автомобил, по анонимна дојава во полиција, по што веднаш бил извршен увид на лице место. Од него се простуваа сите колеги, пријатели, роднини и обожаватели.

Влатко Илиевски беше македонски пејач, актер и водител. Кариерата ја започна во 2000 година. Во 2010 ја претставуваше Македонија на Песна на Евровизија со песната „Русинка“.

Пред да ја почне соло кариерата, Илиевски беше фронтмен на групата „Морал“.

Во 2010 година дипломираше актерство на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Последната објава на личниот профил на починатиот пејач е негово селфи со наслов: „Шарене пилуле за лилуле“. 

Фото: Фејсбук


Последната фотка на Влатко Илиевски само неколку часа пред смртта