(ФОТО) Тајната на добрата линија на водителката Јана Серафимова

„Во одржувањето на мојата линија немам никакви потешкотии“, вели атрактивната водителка Јана Серафимова од ТВ 24. Јана сношти беше гостинка на забавата по повод 40. роденден на „Пепси“ во ресторанот „Рагуза 360“.

„Засега во тоа успевам и без примена на редовна физичка активност и без диета. Се трудам да пијам што повеќе вода во текот на денот и да конзумирам свежа храна, овошје и зеленчук“, додаде Јана.

Јана со колегата Марко Марк од Утринската на ТВ „Телма“ 

Таа вели дека најголем проблем ѝ е негата на косата.

„Имам сува и виткана коса, што редовно ја фенирам, а топлината баш и не е пријател на косата. Затоа за нега на коса имам и најмногу препарати“, вели атрактивната водителка.