Тајната на свадбениот подарок: Цеца исполнила огромна желба на свекрвата
Свадбата на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ, во ноември 2019 година, на некој начин беше сентиментален осврт на свадбата на неговите родители, Светлана и Жељко Ражнатовиќ, одржана 24 години порано.
Богдана на црковната венчавка ја носела венчаницата по која Цеца одела во Милано, а за тоа тогаш платила 100.000 марки. Покрај тоа, таа на подарок добила и дукат, кој има семејна историја.
Кога Цеца и Жељко Ражнатовиќ се венчале во црквата Свети Архангел Гаврил, неговата мајка Славка Јосифовски на својата снаа и подарила златен дукат.
- Те дарувам со овој златен дукат, кој е од 1700 година. Од мојата прабаба, и од твојата чукунбаба. Бракот да биде среќен и долготраен – рекла по тој повод свекрвата, а нејзините зборови се паметат и денес.
Славујка Славка Јосифовиќ починала во 2012 година на 87-годишна возраст. Таа е погребана на Нови гробишта.
Цеца на новата снаа на Ражнатовиќ и пренела дукат со долга семејна историја и со тоа ја зачувала традицијата на ова семејство.
Насловна фотографија: Цеца Јутјуб/Принтскрин