Тајната се крие во една состојка: Како да направите највкусно греано вино?

Добивај вести на Viber

Задолжително запишете си го овој рецепт...

Состојката која на греаното вино му дава посебна арома и шмек е парче портокал. Ова е најдобриот рецепт на кој ќе наидете.

Состојки:

500 милилитри вино;

125 милилитри вода;

2 лажици шеќер;

каранфилче;

бибер;

мускатно оревче;

поголемо парче портокал.

Подготовка:

Една лажица шеќер растопете ја на тивок оган, а кога ќе добие вода ставете ја водата, зголемете ја температурата и почекајте водата да зоврие. Потоа додајте уште лажица шеќер и виното. Кога ќе почне да пени, тргнете го од ринглата (никако не смеете да дозволите виното да проврие).

Потоа додајте ги и останатите состојки и почекајте 5 минути пред да почнете да пиете, за виното да може да добие интересна арома.