Пејачот Марјан Коцев ужива во поддршката на сопругата Билјана и децата – еве како изгледаат нивните наследници

Добивај вести на Viber

Марјан Коцев е пејачот чија песна не може да се замисли ниту една семејна прослава или свадба.

„Ти, само ти“, „Бекрија љубовџија“ е само делче од неговиот репертоар , а кои се меѓу неговите најбарани песни.

Марјан ретко споделува фотографии од семејството, а овој пат направи исклучок и ја покажа убавата сопруга Билјана и наследниците Дуња и Данило.

Дотерани за некоја продслава, четворицата му позираат на фотоапаратот.

Од фотките гледаме и колку пораснале наследниците на Коцеви, и кој чија копија е.

Дуња е веќе поголема и наликува повеќе на татко ѝ, додека нејзиниот брат, Данило си личи на мајка му.


Популарниот фолк пејач кој е омилен во дијаспората е во брак со сопругата Билјана повеќе од 14 години.

Се запознале на една свадба каде што пеел пејачот и по една година стапиле во брак.


-Јас бев беќар до 34 година. Откако ја запознав Билјана веќе животот тргна во друг правец. Јас бев подготвен уште веднаш на тоа и знаев што ме чека. Биљана уште на почетокот ја разбра мојата професија, мојата работа, моето отсуство и до сега сме немале проблем околу мојата професија, околу моите отсуства.


Ниеден брак не е совршен , па ни нашиот. Има падови, има и успеси. Има се. Но, и за секој проблем има решение. Седнуваме и разговараме за проблемот, за ситницата, за арно или за лошо. Со разговор сѐ се решава, изјави пејачот во една прилика за домашните медиуми“.


ФОТО: Инстаграм/Фејсбук/Марјан Коцев