Тајните за убавина на Амал Клуни: Изгледајте беспрекорно и во петата деценија од животот

Во светските медиуми, но и кај нас на Балканот медиумите пишуваат дека убавата адвокатка Амал и нејзиниот сопруг атрактивниот Џорџ Клуни се разведуваат.

Порталот „Entertainment Times“ пишува дека славниот пар деновиве го поминува на суд кадешто се борат за старателството над тригодишните близнаци Ела и Александар.

Медиумите пишуваа дека Џорџ и Амал подолго време имале несогласување и решиле да стават крај на бракот.

Амал Клуни (42) важи за една од најубавите дами во светот, има беспрекорен моден стил, но и беспрекорен тен. Познатата адвокатка изгледа помладо, а медиумите особено пишуваа за нејзината витка линија веднаш по породувањето.

Амал во неколку наврати зборуваше за нејзините трикови за убавина, а ние ви ги пренесуваме во продолжение.

Утринска нега

Во едно интервју откри дека најголемо внимание посветува на ритуалите секое утро кои во голема мера според неа се заслужни да има негувана кожа на која можат да ѝ позавидат и многу помлади жени. По туширањето задолжително нанесува хидратантна крема и заштитна подлога за долготрајна шминка.

Здрав појадок

Иако има две деца, Амал не ја запостави грижата за нејзиното тело и редовно работи на себе. Згодната адвокатка секое утро одвојува два часа за тренинг. Саат време оди на трака, а вежбањето го комбинира со пилатес и со утринска гимнастика.

Преферира медитеранска кујна, а ја обожава супата од морски алги. Таа се состои од најдобриот јод кој содржи витамини, минерали, цинк, железо и разни антиоксиданси.

Опуштање со кафе

Џорџ Клуни во едно шоу откри дека неговата сопруга секое утро го започнува со омиленото кафе. „Убавината е во малите нешта“, порача Амал во една прилика.