Тајно значење: Што ги прави посебни луѓето со имињата Мартина и Мартин

Дали го знаете тајното значење на имињата Мартин и Мартина во други култури?

Имињата Мартина и Мартин потекнуваат од латинското име Мартинус, кое пак потекнува од името на ликот од римската митологија, богот на војната Марс.

Свети Мартин, католички светец и епископ од 4 век, во голема мера е заслужен за популарноста на името Мартин, што може да се најде во многу земји низ целиот свет, како Англија, Франција, Германија, Шведска, Норвешка, Данска, САД и многу други. Исклучително е популарно името и во Македонија.

Според нумерологијата, луѓето со ова име имаат големи лидерски вештини и длабока желба да бидат лидери. Ним им е потребна и голема доза на независност. Во исто време, тие можат да се фокусираат на големите работи и да внимаваат на деталите. Тие се многу креативни и знаат да се изразат преку различни активности, а исто така се привлечени кон уметноста. Кога станува збор за кариера, тие често завршуваат на работни места со кои секогаш се во центарот на вниманието.

Според индиската астрологија, Мартина и Мартин се многу стабилни, мирни, организирани и одговорни и можете да им верувате. Тие се страсни и грижливи, даваат многу љубов и сакаат да бидат сакани.