Така се прави тоа: Закопчана до грло Моника Белучи ги засени и разголените (ФОТО)
Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot
На самиот почеток на Модната недела во Париз, модната куќа YSL ја претстави својата колекција за есен/зима 2024/2025 година и како и обично, ни сервира вистински моден спектакл со ѕвезди од А класа во првиот ред.
Повеќето од познатите дами на ревијата носеа парчиња со потписот на брендот, претставувајќи ја колекцијата на свој начин надвор од модната писта. Многу од нив носеа проѕирни парчиња кои ги откриваат нивните гради, но една дама дефинитивно ги надмина сите други, иако закопчана од глава до пети.
Тоа беше уште еден доказ дека харизмата и сексапилноста немаат конкуренција! Моника Белучи на ревијата пристигна во црна боја од глава до пети, а се одлучи за карго комбинезон со широки ногавици, странични џебови и тенок ремен кој го истакнуваше струкот.
Сепак, ѕвездата на изданието беше фантастичен, долг лакиран капут, како што вели - многу ефективно парче кое не може да помине незабележано и придонесе Моника да изгледа урбано, кул и моќно.
Убавата Италијанка го заокружи изданието со тренди црни очила за сонце, чанта и дискретни златни обетки, а и покрај тоа што носеше облека што не беше особено заводлива или елегантна, успеа да остави силен впечаток. Ниту комбинезонот кој спаѓаат во категоријата карго модели инспириран од работниците и војниците не го „убија“ сексапилот на познатата 59-годишна жена.
Инаку, актерката со години не се откажува од црното и практично носи парчиња исклучиво во оваа боја; стана нејзин заштитен знак. Само во посебни прилики се одлучува за различна нијанса, но тоа повторно не се толку светли бои, како кафена или тегет.
Дали ви се допаѓа ова издание на Моника?
Извор: жена.блиц.рс