Тамара Калиниќ покажа како сами да си направите неколку фустани за на плажа, од една марама: Ќе ги маѓепсате сите (ВИДЕО)
За да изгледате одлично секогаш и во секоја прилика, не ви требаат скапи парчиња, туку малку имагинација и одлични идеи.
Тамара Калиниќ, познатата српска инфлуенсерка, на својот блог многупати покажала како од едноставни парчиња облека кои секоја жена ги има во својот гардеробер, може да се направат едноставни и модерни комбинации на облека.
Таа неодамна објави едно такво видео на својот Инстаграм профил, а жените се воодушевија.
Имено, сигурно е дека секоја жена има барем една марама за на плажа и ја носи на едноставен, класичен начин, врзана околу половините.
Сепак, видеото кое оваа позната српска инфлуенсерка го сподели со своите следбенички, покажува дека и најобичниот шал/марама може да се претвори во целосен моден хит.
Се што ви треба е малку умешност и неколку минути време, а резултатот ќе ве воодушеви.
ВИДЕО:
извор:zenskikutak