Диета која сигурно носи резултати, а не е напорна: Еве како Тамара Калиниќ за 10 месеци изгубила 10 килограми

Добивај вести на Viber

Како Тамара Калиниќ се храни и каква диета практикува, дознајте во продолжение...

Иако никогаш немала проблем со вишокот килограми, една од најуспешните српски инфлуенсерки Тамара Калиниќ неодамна откри како успеала да изгуби 10 килограми за десет месеци.

Заслугата за ова ги има режимот 16:8, кој подразбира дека не јадете две третини од денот, а во останатите осум часа ги сместувате сите оброци. Штом зборуваме за исхрана, веднаш се поставува прашањето дали е здрава. Доколку не сте знаеле, Тамара Калиниќ дипломирала фармација, па сигурно имала доволно време да научи што е, а што не е здраво.

Тамара Калиниќ ја применува диетата од почетокот на јануари до роденденот, 16 март. Се до тој датум Тамара не консумира слатки.



Калиниќ од почетокот на јануари ќе престане да јаде храна со додаден шеќер, а „постот“ без колачи, торти и чоколадо ќе трае до нејзиниот роденден, кој е на 16 март. Кога е на диета, таа не брои калории, туку од менито ја исфрла храната која содржи додаден шеќер.

Ова не значи дека телото ќе биде целосно без шеќер - запомнете дека овошјето и зеленчукот содржат фруктоза и млечна лактоза.

Сепак, одамна е тренд да се додава шеќер во различни индустриски обработени намирници, најчесто за да се подобри нивниот вкус и да се продолжи рокот на траење, а нивното прекумерно консумирање може да предизвика здравствени проблеми.

Придобивките од овој режим се: се намалува нивото на инсулин, се зголемува нивото на хормонот за раст, нивото на норепинефрин (кој ја зголемува потрошувачката на масти за енергија, а мастите се трошат) и оштетените клетки интензивно се заменуваат со нови. Режимот кој го користи популарната блогерка Тамара Калиниќ има и антиканцерогени својства, влијае на здравјето на срцето, го намалува оксидативниот стрес и отпорноста на инсулин. Ако мислевте дека овој режим претставува гладување, тоа секако нема врска со вистината.

Распоредот сами го правите во зависност од тоа кога ќе почнете да јадете, а вашето тело за многу кратко време ќе ги види сите добри карактеристики на оваа диета. Кај Тамара Калиниќ тоа функционираше.

Диета без додаден шеќер може да се практикува на долг рок.


Стил на денот: Тамара Калиниќ во парче кое мора да го имате во преодниот период

Ја напушти работата како фармацевт за да биде блогерка: Србинката Тамара денес заработува милиони