ТАМАРА ТОДЕВСКА ПРЕД УТРЕШНИОТ НАСТАП ВО „СТАНИЦА 26“: Жената заслужува внимание секој ден
Поп-пејачката Тамара Тодевска утревечер ќе одржи специјален осмомартовски настап. Тамара ќе пее во клубот во кој често пати настапува, „Станица 26“ од 23 часот, за сите дами и за сите нејзини фанови. Настапот го организира „Win Music Freedom“.
Со пејачката, која е еден од нашите најсилни вокали и е мајка на Хана која има неполни две години, кусо разговаравме за тоа што за неа значи Осми март.
„Осми март исклучиво го паметам по честитките што и ги правев во основно училиште на мајка ми. Колку се трудев и бев креативна и колку ми значеше на тој ден да и ја искажам љубовта. Покасно, како и ден денес не заборавам да и однесам цвеќе, ама и подарок за роденден ден претходно:-) Секако, тврдам дека чинот на носење цвеќе не треба да е само за тој ден. Жената заслужува внимание секогаш кога ќе почувствувате дека и е потребно. Такво внимание ќе дадам јас во четврток во „Станица 26“, ни изјави Тамара.
Тамара и Тијана имаа моќен настап на неодамнешната „Златна Бубамара на популарноста“Со нејзината сестра Тијана таа имаше моќен настап на неодамнешната „Златна Бубамара на популарноста“. И двете беа впечатливо облечени, во диско стил од седумдесетите.
Милица Џаровска