Тања Кочовска доби внук со убаво име: Цел живот сакав да станам баба
Тања Кочовска денеска стана баба, а убавата вест ја сподели на Фејсбук. Внукот од нејзиниот син Александар и снаата Моника ќе се вика Јоаким, а Тања е пререќна за новата животна улога.
-Станав баба на Јоаким. Многу сум радосна. Отсекогаш сум сакала да бидам баба, уште од млада, моите пријатели тоа го знаеја и ме викаа бабо. Мајката и бебето се супер. Син ми е сега на посета кај нив, по него, одам и јас. Уште сме сите во бунило, и не знаеме каде ќе славиме и кога, но за ваков убав повод, лесно е да се договориш“, рече Тања.
Кога нејзиниот син се ожени со Моника Саздовска, Тања во свој стил објави на Фејсбук: „Да бе да, бидна“. „Да бе, да“, е инаку името на сендвич барот чиј сопственик е Александар.
-Александар заврши факултет за туризам, а Нела е актерка. Тие се деца кои се израснати со двајца актери, а актерскиот живот не е баш едноставен. Тоа се деца кои никогаш не ми повишиле тон и се благодарни на се што сме им дале во животот. Не дека некогаш не знаат да изненадат, хахаха. Се чувствувам многу горда мајка со добро воспитани деца“, рече Тања во претходно интервју за Женски магазин за своите деца.
Александар е син на Тања од првиот брак со актерот Владимир Ендровски, а Нела е ќерка на нејзиниот сопруг, актерот Предраг Павловски. Кога Александар се сврши со Моника, тој на романтичен начин го направи тоа. Ја побара за жена во клубот каде што се запознале. „Овде ја запознав, овде ја побарав за жена“, објави Александар минатата година.
(М.Џ.)