Бидна: Се ожени синот на Тања Кочовска - со пиво наздрави покрај својата избраничка

Добивај вести на Viber

Се ожени Александар, синот на актерите Тања Кочовска и Предраг Павловски кои се во брак 26 години.

Среќната вест ја сподели гордата мајка, актерката Кочовска, која во нејзин стил на Фејсбук напиша „Да, бе да... бидна“, покрај фотографија од младиот пар кој штотуку стапиле во брак.


На фотографијата Александар наздравува со пиво покрај избраничката, убавата Моника која носи нежен и елегантен бел фустан.

Александар ја побарал Моника за сопруга во ноември, на местото каде што ја запознал.

Инаку шармантната актерка, Тања, која е миленичка на народот поради својата духовитост ретко споделува приватни моменти на социјалните мрежи и ретко зборува за нив, но во интервју за Женски магазин, пред околку четири години, Кочовска ни кажа дека синот Александар завршил факултет за туризам, а ќерката Нела тргна по стапките на своите родители и се запишала на факултетот за Драмски уметности.

„Тие се деца кои се израснати со двајца актери, а актерскиот живот не е баш едноставен. Тоа се деца кои никогаш не ми повишиле тон и се благодарни на се што сме им дале во животот. Не дека некогаш не знаат да изненадат, хахахаха. Се чувствувам многу горда мајка со добро воспитани деца“, изјави Тања за своите деца во претходно интервју за Женски магазин.