Убавица: Ќерката на Тања Кочовска и Предраг наполни 26 години (ФОТО)
Актерите Тања Кочовска и Предраг Павловски се во брак 26 години и заедно имаат две деца.
Шармантната актерка која е миленичка на народот поради својата духовитост ретко споделува приватни моменти на социјалните мрежи, но вчера објави фотка од ќерката Нела по повод нејзиниот 26-ти роденден.
Нела пораснала во вистинска убавица, а тоа го потврдуваат и многубројните коментари на Фејсбук.
Во интервју за Женски магазин, пред околку четири години, Кочовска ни кажа дека синот Александар завршил факултет за туризам, а Нела тргна по стапките на своите родители и се запишала на ФДУ.
„Тие се деца кои се израснати со двајца актери, а актерскиот живот не е баш едноставен. Тоа се деца кои никогаш не ми повишиле тон и се благодарни на се што сме им дале во животот. Не дека некогаш не знаат да изненадат, хахахаха. Се чувствувам многу горда мајка со добро воспитани деца“, изјави Тања за своите деца во претходно интервју за Женски магазин.