Оригинални и единствени, како и секогаш: Кочовска и Предраг запеаја за 26-годишнина од брак (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

На денот на верата, надежта, љубовта и нивната мајка Софија стапиле во брак - Лидија Кочовска и Предраг Павловски вчера одбележуваа 26-годишнина од брак. 

Се познавале уште од студентските денови, но бидејќи во тој период и двајцата имале долги врски не обрнувале многу внимание еден на друг. Во 1994 година на покана на Љубомир Чадиковски познатата актерка и пејачка почнала со работа во Театарот за деца и младинци, а по неколку месеци во ансамблот дошол и Павловски - така започнува нивната љубовна приказна.

Плод на нивната љубов е ќерката Нела.

Кочовска секоја година објавува по некоја интересна фотографија на нејзиниот Фејсбук профил за овој ден, а овој пат со Предраг одлучија да снимат видео каде заедно пеат грчка песна.

Се омажив за Предраг на истиот датум, во истиот час како и првиот пат: Уникатната љубовна приказна на Тања Кочовска