На денот на годишнината Кочовска му измери притисок на Предраг: Слават 25 години во брак

Добивај вести на Viber

Тања Кочовска и Предраг Павловски пред точно 25 години, на денот на верата, надежта, љубовта и нивната мајка Софија стапиле во брак - денес тие одбележуваат годишнина.

Се познавале уште од студентските денови, но бидејќи во тој период и двајцата имале долги врски не обрнувале многу внимание еден на друг. Во 1994 година на покана на Љубомир Чадиковски познатата актерка и пејачка почнала со работа во Театарот за деца и младинци, а по неколку месеци во ансамблот дошол и Павловски. 

Тања одамна ја има споделено и нивната интересна љубовна приказна, нивните први љубовни средби и како Предраг ја побарал за жена.

Плод на нивната љубов е ќерката Нела

За годишнината, Кочовска, во свој стил, на својот фејсбук профил објави фотографија на која му го мери притисокот на сопругот Предраг.

-Тања Кочовска: Имам оштетен слух и засекогаш уништен сон
-Само кога ги раѓав децата, одмарав од театарот: Интервју со Тања Кочовска