Тања Савиќ зад кормило - Момчето ја снима од сите агли, покажа како изгледа кога е во костим за капење: „Се радувам како мало дете“
Познатата пејачка Тања Савиќ е вљубена во 11 години помладиот пилот Мухамед Муки Бешиќ...
Сега преку социјалните мрежи на сите им покажа како уживаат на одморот, а друштво им прават нејзините синови кои ги доби од првиот брак.
Тања е на кормилото на бродот, додека Муки ја снима од сите агли за на Инстаграм.
- Драги мои, вака изгледа кога се обидувам да го возам бродот. Се радувам како мало дете! Погледнете ја мојата насмевка – вели пејачката.
- И, на крајот, среќна што успеав - рекла Тања.
„Муки не е само мое момче, тој е очув на моите синови“
Да потсетиме, Тања неодамна откри каков однос има нејзиното ново момче со нејзините синови.
- Реков дека кога ќе заврши Арената, кога се ќе биде како што треба, тогаш ќе правиме свадба. Кога партнерите се подолго заедно, тие исто така се караат. Растеме заедно и бараме да научиме нешто од тие борби. Не го обвинувам за ништо, а тој мене ме обвинува дека сум премногу самокритична, тоа многу го нервира, па и мене, па работам на тоа да го балансирам, да е некако здраво или да не постои - изјави Тања и откри како нејзините синови Максим и Ѓорѓе го прифаќаат Муки.
-Многу го сакаат, не е само момче на мама, тој е нивна поддршка, очув и навистина го обожаваат – изјавила пејачката за „Хајп“.
Фото: Принтскрин ИнстаграмИзвор: Blic.rs