Татјана Стојановска заносна - на одмор позира со партнерот од омилената дестинација (ФОТО)

Тв презентерката Татјана Стојановска деновиве ужива максимално на летен одмор.

Заедно со сопругот Михаил се разладуваат во Турција која летово е омилена дестинација за летување на многумина.



Татјана преку Инстаграм фотка им откри на обожавателите дека летува во еден хотелски комплекс во Сиде , Турција.

Нејзиниот партнер Михаил пак сподели фотка на која позираат заедно. 



Нема сомнеж дека се совршен пар, а во една прилика Татјана кажа дека она што ги поврзало со Михаил се искрениот однос, заедничките интереси во животот, семејните вредности, грижата за децата.

 „Секако кај него ме плени и комуникативноста, смислата за хумор, а пред сѐ интелектот, приземјеноста во сѐ“, откри Татјана за Женски магазин.


Татјана Стојановска со нов имиџ го слави денот на виното и на љубовта: Подраго ми е кога ќе си дадеме подарок без повод (ФОТО)


Фото: Инстаграм Screenshot