Татко ми ја нападна мајка ми, брат ми во бес го претепа: Сека Алексиќ низ солзи ја раскажа нејзината животна приказна
„Спиев на душеци, немавме ни шпорет“
Српската пејачка Светлана Сека Алексиќ, во детството поминала низ многу тежок период. Како што своевремено изјави за тамошните медиуми, нејзиното детство го одбележало животот во бегство, насилството од врсниците, но и семејно насилство, поради што нејзината мајка и ден денес има лузни. Иако денес е млада и остварена жена на сите полиња, таа признава дека некои лузни на нејзината душа никогаш не зараснуваат.
Пороците и лошите услови за живеење довеле до тоа од нејзиниот татко да го доживее она што ниедно дете не треба да го доживее. Како што признава, шокантните сцени на насилство ја прогонуваат до ден-денес.
- Моето растење беше во сиромаштија. Многу лошо. Се сеќавам на две ситуации, кога татко ми ја нападна мајка ми. Брат ми се нафрли врз него, го фати за глава и го најде првото нешто при рака да го удри. Беше дете, брат ми. Го удри по глава, за да се оттргне од мајка ми затоа што ја тепаше - рече Сека.
- Ова се ужасно стресни ситуации и слики кои никогаш не се забораваат. Никогаш не се брише од глава – додаде таа, за да заплаче малку подоцна во емисијата „Преживели“.
Признава дека татко му сакал да пие, а сè што заработувал давал на другите деца кои немаа. Поради љубомората која го придружувала со алкохол, Сека вели дека најмногу настрадала немата мајка.
- Ќе му работеше љубомората и поради тоа имаше проблеми со мајка ми, таа најмногу настрада, ја тепаше. Имаше неколку ситуации кога јас и брат ми ги разделивме, денес има лузни на лицето од тој период. Поради тоа се разведе и ја разбирам, никој не треба да поминува низ тоа - изјави Сека, која подоцна порасна со очувот Милан, кого многу го сака.
Пејачката до почетокот на војната живеела во Зворник, по што побегнала од Босна во Србија. Не сака да се сеќава на тој период, како што признава.
- Во Бања Ковиљач избегавме во 1992-ра година. Таму завршив четврто одделение основно училиште. Тоа беше период исполнет со сиромаштија и не сакам да го паметам - рече Сека и додаде:
- Со години живеевме во просторијата што ни ја даде училиштето да ја користиме, спиевме на душеци. Немавме шпорет, комшиите знаеја да зготват нешто и да донесат. Седум дена јадевме само грав. После добивме шпорет на подарок и се израдувавме – заклучи Сека во емисијата „Преживели“.
Сека отсекогаш сакала да пее, но нејзината мајка не била за тоа. Очувот цело време бил со неа како голема поддршка, а како што рекла, кога нејзината мајка сфатила дека за една ноќ може да заработи пет пати повеќе од нејзината плата, попуштила.
- Од тоа купивме замрзнувач, и така почна - изјави тогаш Сека за „К1“.
Извор: www.blic.rs